Connect with us

Фудбал

Видео на Буфон со судијата по мечот со Милан кое уште повеќе ја „разгоре“ атмосферата во Италија

Досудениот пенал во 91.минута во корист на Јувентус на мечот против Милан во полуфиналето во Купот на Италија е причина за бројни коментари и препукувања. Едни сметаат дека пеналот е подарок за „Старата дама“ бидејќи кога топката го удрила во рака Калабрија, тој бил свртен со грб, па не можел да види каде е топката, но и бил премногу блиску за да реагира, односно да ја повлече раката.

На социјалните мрежи се појави видео од Буфон кога судијата означи крај. На видеото се гледа како голманот на Јуве му ја носи топката на главниот арбитар Паоло Валери, притоа му намигнува, го гушка и потоа и двајцата се смеат. Секако ова не мора ништо да значи, но ваквата реакција на Буфон предизвика негодување пред се кај фановите на Милан.

Ова беше прв полуфинален дуел помеѓу Милан и Јувентус кој заврши 1:1, а Јувентус се спаси со голот на Роналдо од пенал во 91.минута.

 

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com