Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: На победничкиот гол на Реал му претходеше уште една магија на Модриќ

Лука Модриќ учествуваше во акцијата за победа на Реал над Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите, а голот за големата победа го постигна Виникус во 59. минута од натпреварот.

Нему му асистираше Федерико Валверде, но во оваа акција повторно „прсти“ капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ .

Само неколку секунди пред голот, Модриќ изведе уште една магија. На самиот почеток на акцијата, хрватскиот играч за врска се повлече дваесетина метри, а потоа наеднаш се сврте и со едно додавање нокаутираше дури тројца играчи на Ливерпул.

Поради оваа причина, но и поради многу повеќе причини, Модриќ ја ужива огромната доверба на челниците на Кралскиот клуб, кои пред два месеци му понудија нов договор , под истите финансиски услови.

Иако во септември ќе наполни 37 години, на челниците на мадридскиот клуб едноставно не им е грижа. Сакаат да го задржат што подолго, а засега ќе биде до летото 2023 …