Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: На Политано му се плачеше, пропадна размената, ја напушта Рома и се враќа во Милано

Еден од најпознатите спортски новинари Џанлука Ди Марцио објави видео од Матео Молитано како го напушта Рим и се враќа во Милано. Според неговите пишувања размената помеѓу Рома и Интер, во која беа вклучени Политано и Спинацола пропадна.

Сега двајцата фудбалери се враќаат во претходните клубови. Според она што може да се забележи од видеото Матео Политано е многу разочаран, а според изразот на неговото лице како да сакаше да заплаче.

Политано ги мина лекарските прегледи во Рома, се фотографираше со шал со боите на римскиот клуб, но во Милано проблеми. Спинацола, кој во минатото имал многу повреди, не ги минал како што треба медицинските прегледи. Поради тоа Интер барал дополнителни тестови, но и инсистирал на промена на договорот за размена, наместо задолжителен откуп по завршувањето на позајмицата, да стои со право на откуп. Секако, ова не и се допаднало на Рома, па од размената нема да има ништо.

Претходно двата клуба ги договорија сите детали, но се чини дека Интер се предомислил. Останува да се види како сето ова ќе влијае врз односните на двата клуба, но и врз самите фудбалери.

Инаку, ова ќе беше остварување на сонот за Политано, кој е „дете“ на Рома односно првите фудбалски чекори ги почна во овој клуб, но за првиот тим нема ниту еден настап.