Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Надал без пропусница, обезбедувањето не го пушташе да влезе

Светскиот тенисер број 1 имаше мала непријатност вчера на Австралија опен. Имено, по тренингот тој сакаше да влезе во официјалните простории на Австралија опен, а службеникот не сакаше да го пушти. Му бараше пропусница, која Надал не ја носеше со себе. Требаше да ги убедува дека тој навистина е Надал, па дури и покажа на неговата форографија, односно портрет кој стои на ѕидот.

По ова обезбедувањето одлучи да го пушти.