Фудбал
ВИДЕО: Надал го удри девојчето, а потоа направи убав гест
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал имаше инцидент за време на натпреварот против Аргентинецот Федерико Делбонис во гренд слем на Австралија опен. Во последните моменти од предизвикот, тој удри едно од девојчињата кои ги собираат топчињата, која беше позиционирана до главниот судија.
Надал веднаш дотрча до девојчето за да се извини и да ја види нејзината состојба. Потоа, Надал му подари бакнеж на образот на малечкото девојче. Убав гест на Шпанецот, на Австралија опен.