Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Најчуден црвен картон – го погоди противникот во тестисите

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед Рон-Роберт Зилер настапува втората германска лига со тимот на Хановер.

Голман, кој се врати во клубот каде што играше поголем дел од својата кариера, реагираше лошо, откако Карлсрухер во 95-та минута изедначи на 3-3.

Чуварот го погоди противничкиот Даниел Гордон во тестисите, кој лежи на земја во агонија.

Како резултат, голманот излезе со црвен картон, а по натпреварот спортскиот директор на клубот изјави дека Зилер сакаше да ја погоди топката, но по грешка го погоди противникот.