Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Најлудата сцена на ЕУРО – Кјелини пред пеналите го „удираше“ и туркаше Жорди Алба

Италијанската фудбалска репрезентација се пласираше во финалето на Европското првенство.

„Азурите“ синоќа на „Вембли“ во Лондон ја совладаа репрезентацијата на Шпанија со 4:2 (1:1) и ќе се борат за трофејот на најдобрата екипа на Стариот континент.

Она што привлече големо внимание пред изведувањето на пеналите беше сцената во која Џорџо Киелини го „тепаше“ шпанскиот капитен Жорди Алба.

Капитенот на Азурите беше многу расположен. Тој се обиде да пренесе дел од своето расположение на Алба, а тоа го стори на многу интересен начин.

Кјелини не беше воопшто нежен со неговиот ривал. Му даде и мала „тупаница“, го оттурна пред судиите и доста жестоко го поздрави.

На Алби воопшто не му сметаше, а ваквиот однос на Кјелини кон противникот беше смешен и за судиите на овој натпревар.

Дефинитивно една од најлудите сцени на ова Европско првенство.

Италија ќе игра во финалето на Европското првенство против победникот од вечерашното полуфинале, во кое ќе играат домашната селекција на Англија и Данска.