Поврзи се со нас
Here is the banner code 300x250 for mobile:

Фудбал

ВИДЕО: Напаѓач на Челзи на 36 години влезе во историјата на ЛШ, стана најстар стрелец на 4 голови на еден меч

Каков само меч одигра Оливе Жиру. Челзи славеше со 4:0 на гостувањето кај Севиља со што го завери првото место во групата. Овие две екипи обезбедија пласман во следната рунда уште во минатото коло, па вечерва играа растеретено. Сепак, во една таква ситуација подобро се снајде англискиот тим кој славеше со 4:0, а сите четири голови беа дело на Оливие Жиру.

Тој со ова се запиша во историјата на Лигата на шампионите. Со 36 години и 63 денови, Жиру стана најстариот фудбалер кој постигнал хет трик во ЛШ. Со ова секако е и најстариот стрелец кој постигнал четири голови на еден меч.

Ова е прв пат по 2010-та година еден ист фудбалер да постигне четири голови на еден натпревар. Последен пат тоа му успеало на Френк Лампарт против Астон Вила.


loading...

Facebook