Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Наполи го „разби“ Лацио, Елиф Елмас само гледаше

Екипата на Наполи одигра фантастичен меч, па во дербито на колото го совлада Лацио со убедливи 5:2. Инсиње 2, Политано, Мертенс и Озимех беа стрелци на головите за Наполи, додека за гостите погодија Имобиле и Милинковиќ-Савиќ. Наполи е на петото место, само два бода помалку од Јувентус и Аталанта, а три од Милан на позициите кои носат директен пласман во Лигата на шампионите.

Нашиот репрезентативец Елиф Емлас беше во составот на Наполи. Но поголемиот дел од мечот го преседе на клупата. Како што е вообичаено во последните неколку мечеви Гатузо му дава минутажа на тацна, па така беше и синоќа. Во игра влезе во 82-та минута, или две минути откако Наполи го постигна петиот гол и стави точка на мечот.