Фудбал
ВИДЕО: Направија чудо против Монако, но погледнете како Ковач ги мотивираше фудбалерите
Хрватскиот стручњак на клупата на клубот од „кнежевството“ беше особено среќен по натпреварот. Тој не се предаде ниту на 2-0, иако се чинеше дека неговиот тим може да доживее катастрофа.
Фудбалерите на Монако синоќа на свој терен по пресврт (3-2) победија во француското дерби против ПСЖ.
„За време на паузата, им реков на играчите дека бевме лоши, дека ова не е Монако што сакам да го видам. Сакам да го видам оној Монако од победите против Бордо (4-0) и Ница (2-1) овој месец. Им реков дека сè е можно ако го составиме вистинскиот тим, па дури и победа против ПСЖ“, рече Ковач.
Големиот триумф се славеше во соблекувалната, а тренерот Нико Ковач само кратко им рече на своите фудбалери: „Видовте што може да направите кога верувате“.
When you come back from 2-0 to beat PSG ?pic.twitter.com/FacrtnLUwO
— Goal (@goal) November 21, 2020
Со оваа победа, Монако се искачи на второто место на табелата и заостанува четири бода зад скапиот тим од Париз.