Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Навивач направи селфи со шпанскиот репрезентативец пред корнер

Навивач направи селфи со играчот на Атлетико Мадрид, Коке за време на контролата против Нумансија пред почетокот на новата сезона во Ла Лига.

Тимот предводен од Диего Симеоне со решавачки 4:0 победи против Нумансија. Головите ги постигнаа Лемар, Кореа, Кондогбија и Матеуш Куња.

Врвот на натпреварот беше кога едно младо момче отиде до Коке додека тој требаше да нафрли од корнер во шеснаесетникот на Нумансија и го замоли да направи селфи со него.