Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Навивачи на Ѓоковиќ протестираат пред хотелот каде е сместен најдобриот тенисер

Десетици навивачи, претежно Срби, се собраа утрово пред хотелот Парк во Мелбурн, каде што е сместен српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. На овој начин тие му даваат поддршка, но истовремено искажуваат и протест поради тоа што властите не му дозволија влез во Австралија.

Како што е познато, Ѓоковиќ беше задржан на аеродромот од причина што не е вакциниран, ниту пак имаше валидна здравствена документација за да му биде одобрена визата. Неговиот татко обвини дека Ѓоковиќ се држи во притвор, но сепак тамошните власти порачаа дека тенисерот не е во никаков притвор, туку дека не може да влезе во Австралија, а да се врати во Србија може кога и да посака.