ВИДЕО: Навивачите на Херта симболично го срушија импровизираниот „Берлински ѕид“

„Господине Горбачов, урнете го овој ѕид“, оваа реченица сигурно ви е добро позната. Токму тоа и денешниот ден на кој се одбележуваат 30 години од падот на „Берлинскиот ѕид“ беше инспирација за навивачите на Херта.

Тие симболично го срушија импровизираниот „Берлински ѕид“ кој беше подигнат во средината на Олимпискиот стадион во пресрет на натпреварот со Лајпциг.

-текстот продолжува по рекламата-

Кога играчите на двата тима излегоа на теренот, наидоа на вештачки ѕид во центарот на теренот, а потоа им се придружија стотици навивачи кои заедно го ѕидот, како што тоа го правеа граѓаните на Берлин во 1989 година.

Натпреварот заврши со победата на Лајпциг од 4: 2, а погледнете како изгледаше уривањето на ѕидот.