Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Навивачите на Кајзериспор на спектакуларен начин им го честитаат роденденот на Просинечки

Хрватскиот стручњак Роберт Просинечки неодамна го презеде кормилото на турскиот Кајзериспор.

Тој беше разрешен од репрезентацијата на Босна и Херцеговина кон крајот на минатата година, но не беше без работа долго време. Наскоро го презеде Кајзериспор каде беше примен на фантастичен начин.

Колку навивачите на овој тим го ценат, најдобро се покажа синоќа кога Просинечки го прослави својот 51 роденден.

Навивачите на Кајзериспор му приредија спектакуларна баклијада и му го честитаа роденденот. Просинечки сигурно не очекувал таква честитка и јасно покажува дека тој бил изненаден од овој потег на навивачите на турскиот тим.