Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Навивачите на Лос Анџелес се обидоа да го испровоцираат Бекам со најлошото скандирање досега

Дејвид Бекам минатата година го основа клубот Интер Мајами кој викендов го одигра првиот историски натпревар во МЛС лигата

Интер Мајами во првото коло од новата сезона во МЛС лига гостуваше кај Лос Анџелес и беше поразен со 1-0. Дејвид Бекам, првиот човек на овој тим придружубан од својата сопруга Викторија, исто така беше на трибините.

Бекам пристигна на стадионот малку порано и го следеше загревањето на неговиот тим исто како и навивачите на домашниот тим на Лос Анџелес.

Потоа решија да го „исмеваат“ Бекам и да го скандираат „Изгледаш осамен“, поради што се најдоа во центарот на вниманието на социјалните мрежи затоа што ова скандирање беше прогласена за една од најлошите досега.

Бекам само се насмеа, па дури и во еден момент иронично им аплаудираше.