Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: НБА кошаркар една година го немаше на теренот, па сега тежи 200 килограми

Поранешниот кошаркар на Портланд, Кејлеб Свонаган пред една година го одигра својот последен меч во НБА лигата. Овој 24-годишен кошаркар на крајот на сезоната остана без договор, а една година подоцна изгледа непрепознатливо.
Тој се појави пред судот во Индијана поради обвинение дека недозволено поседувал марихуана и поради што во декември минатата година беше уапсен. Меѓутоа шокираше неговата килажа. Ова не е прв пат Своноган да има проблеми со прекумерната килажа. На 13 години имал 160 килограми, поради тоа го нарекувале „голем“. Сепак за време на деновите на колеџ успеал да доживее целосна трансформација која ја одржувал се до сега.