Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Не било кафе, Анчелоти откри што пиел кога Евертон постигна гол за 5:4 и го елиминираше Мурињо

Евертон во средата со 5:4 го совлада Тотенхем и го елиминираше во ФА Купот. Но, големо внимание привлече моментот кога Евертон го постигна петтиот гол, а нивниот тренер Карло Анчелоти „мртов ладен“ си пиеше нешто од чашка. Многумина рекоа дека било кафе, но тој вели не.

-Пиев чај. Се смрзнував таму. Беше многу ладно и побарав чај. Кога Бернард постигна гол не славев од две причини. Првата бидејќи имав чај во рацете, а втората бидејќи не бев сигурен дека голот ќе биде признаен. Затоа бев смирен, изјави Анчелоти.