Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Не стивнуваат воодушевувањата на навивачите на Јувентус за реакцијата на Манџукиќ кон Бонучи

Леонардо Бонучи ги шокираше навивачите на Јувентус кога побара трансфер во Милан минатото лето. По седум години во Торино тој одлучи да оди во редовите на нивниот голем ривал.

Синоќа, Бонучи како капитен на Милан доживеа сериозен пораз (4:0) во финалето на Купот од поранешниот клуб. Поради немоќноста, Бонучи беше исклучително нервозен, и често влегуваше во дуели со поранешниот соиграч Мари Манџукиќ.

По толку туркање Бонучи сакаше пријателски да се поздрави со Манџукиќ, но хрватскиот напаѓач одби и капитенот на Милан луто го оттурна.

Фанови на Јувентус остана воодушевени од потегот на Манџукиќ бидејќи тие веруваат дека сите играчи на италијанскиот шампион треба така да го третираат поранешниот колега кој го издаде клуб.

Ќе биде интересно да се види во какви односи ќе бидат Бонучи и Манџукиќ ако хрватскиот напаѓач навистина потпише за Милан во следниот преоден рок, како што се повеќе и повеќе се зборува во италијанските фудбалски кругови.

https://twitter.com/inlovewith_dyba/status/994316275785568256