Фудбал
ВИДЕО: Неговиот татко беше легенда на Јунајтед, а тој токму од нив го прими најкомичниот гол во кариерата
Каспер Шмајхел, голман на Лестер, долго ќе го памети поразот од Манчестер Јунајтед во последното коло од оваа сезона. Имено, се играше 98-та минута, Јунајтед имаше предност од 1:0, а Данецот тргна да го дрибла Линдгард, секако не успеа, па фудбалерот на „Црвените ѓаволи“ постигна гол за 2:0 и го завери пласманот на Јунајтед во ЛШ.
За потсетување, неговиот татко, Петар Шмајхел е вистинска голманска легенда на Манчестер Јунајтед.