Фудбал
(ВИДЕО) Нејмар повторно себичен, Кавани мора да чека уште еден натпревар да го помине Златан Ибрахимвоиќ
Нејмар повторно покажа себичност кога се во прашање пеналите, Кавани беше на еден гол да го помине Ибрахимовиќ на вечната листа на најдобри стрелци на ПСЖ.
Светците победија со 8-0 а последниот погодок беше постигнат од пенал кој беше направен токму врз Кавани , но Бразилецот ја зеде топката и не му дозволи на неговиот соиграч да влезе во историјата како најдобар стрелец на ПСЖ на вечната листа која сега со 156 погодоци ја дели со Златан Ибрахимовиќ.
Кавани овојпат не правеше проблеми дури и спортски му честиташе на Нејмар за постигнатиот погодок.
Инаку Уругваецот постигна хет-трик на овој меч.