Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Нејмар се погрижи за несекојдневна сцена при доделувањето на медалите

Нејмар беше во одлично расположение откако постигна два гола во победата на Пари Сен Жермен против Нант од 4-0 во Суперкупот на Франција. Интересно, двата гола на Бразилецот дојдоа во судиското продолжение.

Последниот со кој ги формираше конечните 4:0 беше удар од белата точка, а далеку поатрактивен беше голот за 2:0, кога мајсторски погоди од слободен удар.

Бразилецот имаше своја вечер во Тел Авив и беше во акција за првиот гол на Меси, но приреди и необична сцена за време на церемонијата.

Нејмар реши да им ги додели медалите на соиграчите од ПСЖ по победата од 4:0 и ги пречека во улога вообичаено резервирана за еден од шефовите на францускиот фудбал, сцена која очигледно го привлече вниманието на „Амазон прајм“.