Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Некои би паднале и би барале пенал, но не и Меси, тој станува и постигнува гол

Барселона лесно со 3:1 славеше во реваншот против Наполи (прв меч 1:1) и си обезбеди пресметка против Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Сепак, победата на Барселона е во втор план. Синоќа, но и денеска сите зборуваат за неверојатниот гол на Лионел Меси.

Тој постигна гол за 2:0 во 23-та минута, издрибла неколку противнички фудбалери, потоа падна во шеснаесетникот на противникот, но наместо да се превиткува и да бара пенал, стана, направи уште два три чекора и постигна прекрасен гол.

Затоа Лионел Меси е еден од најдобрите, ако не и најдобриот фудбалер на денешницата.