Фудбал
ВИДЕО: Нема коронавирус, навивачите го „запалија“ Сараево , Велкоски слави титула
Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски вечерва низ улиците на главниот град на БиХ заедно со неговите соиграчи, стручниот штаб и навивачите ја прославија шампионската титула. Ова е трета титула за Велкоски со ФК Сараево, со што влезе во историјата на клубот како единствен фудаблер на кој му успеало тоа. Велкоски воедно на својта рака ја носеше капитенската лента.
Низ улиците на Сараево е вистински „хаос“, како да нема коронавирус, илјадници фанови излегоа на улиците да ја прослават победата со тимот, а шампионскиот автобус парадираше низ главните улици, проследен со пиротехнички сретства.