Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Нема публика на стадионите, но тука е кучето на газдата на клубот да прави шоу

Поради пандемијата подолго време на стадионите нема публика. Но, во Швајцарија се случи интересен момент. Имено, куче прекина меч помеѓу Цирих и Сион (1:1). Ова беше вистински дерби меч кој заврши со два гола, седум жолти картони, еден црвен, промашен пенал. Сепак, главното шоу имаше куче. Ни помалку ни повеќе, кучето на претседателот на Цирих, кој мораше да се симне од трибините да ги прибере своето милениче.