Фудбал
ВИДЕО: Немања Матиќ е во Рим за да потпише со Волците
Српскиот фудбалер Немања Матиќ пристигна на аеродромот Чампино во Рим за да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор со Рома подоцна во текот на денот , објави весникот Газета дело спорт.
Дефанзивниот играч за врска со клубот од италијанската престолнина ќе потпише договор на една година со опција за уште една, а неговата годишна плата ќе изнесува 3,6 милиони евра. Опцијата за уште една година договор ќе се активира автоматски доколку Србинот игра на половина од натпреварите на Рома оваа сезона и тимот се пласира на европските турнири. Матиќ ќе им се приклучи на „волците“ по наговор на тренерот Жозе Мурињо, со кого соработуваше во Челзи и Манчестер Јунајтед . На аеродромот го пречекаа 20 -ина навивачи на Рома , како и мало момче на чија маица се потпиша.
#Roma, visite mediche per #Matic a a Villa Stuart
👉 @dariomarchetti7 pic.twitter.com/f88ppXORN7— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) June 13, 2022