Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Нервозниот Ѓоковиќ го фрли рекетот во трибините

Новак Ѓоковиќ беше многу нервозен во натпреварот за бронзен медал против Пабло Карен-Буста.

Ѓоковиќ денеска беше поразен во борбата за бронза од шпанскиот тенисер Пабло Карен-Бусте со 2:1, во сетови 6:4, 6:7 и 6:3.

Ѓоковиќ ја пропушти шансата да направи брејк на отворањето на третиот сет и тоа многу го налути.

Новак ги загуби нервите откако остана без поени. Рекетот што заврши на трибините беше оштетен.

Ретко е да се види Ѓоковиќ толку изнервиран и лесно може да се случи да остане без медал во Токио.

Откако еден уфрли на трибините, следниот рекет заврши скршен на мрежата и се чини дека Ѓоковиќ е премногу нервозен за да дојде до победа на овој меч.

 

Прилично неверојатни сцени.