Фудбал
ВИДЕО: Неспортски потег како што досега не сте виделe…
Во шведскиот шампионат на дуелот меѓу Елфсборг и АИК беше забележан неспортски потег каков ретко се гледа на терените. При резултат 2-2, АИК изведе корнер, по што топката излезе во гол-аут, ама дојде кај фудбалерот што го изведе корнерот. Иако голманот веќе ја почна акцијата, фудбалерот на АИК ја фрли топката во поле, па Елфсборг кој тргна во контра играше со една топка, а гостите со втората и се обидуваа на секој начин да ја прекинат акцијата.