Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Несторовски доби неколку минути, но не му помогна на Удинезе

Сампдорија го победи Удинезе со 2-1 во рамки на 18. коло во Серија А. Домашните до трите бода дојдоа со пресврт, откако Родриго де Паул ги доведе „зебрите“ во водство во 55-тата минута. Антонио Кандрева од пенал израмни на 1-1 во 67-та минута, а победата за Самп ја обезбеди Ернесто Торегроса во 81-та минута.

Тренерот Лука Готи најчесто го користи Илија Несторовски како „џокер“ за завршницата од натпреварите во обид неговиот тим да стигне до поволен резултат, но вечерва навистина многу задоцни при спроведувањето на оваа своја традиција, бидејќи македонскиот репрезентативец имаше многу малку време за да промени нешто на семафорот.

Удинезе останува на 15-тото место со 16 бода по 17 меча, додека Сампдорија стигна до 10-тата позиција со 23 бода.