Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Несторовски ја „олади“ Рома и ја исфрли од трката за ЛШ

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го постигна вториот гол оваа сезона во Серие А во дресот на Удинезе. Тој ја потврди победата на неговиот тим на гостувањето кај Рома од 2:0. Несторовски во игра влезе во вториот дел, а на асистенција на Де Паул ја затресе мрежата во 78-та минута.

Со оваа победа Удинезе практично ја исфрли Рома во трката за четвртата позиција која и припаѓа на Аталанта и која според прикажаната игра и резултати, следната сезона по втор пат во историјата ќе игра во ЛШ.