Фудбал
ВИДЕО: Неверојатна завршница во Лисабон, за тажен крај на еден убав сон
Аталанта водеше до 90-тата минута против ПСЖ и се чинеше дека беше на чекор во историско полуфинале. Ова е тажен крај за една убава приказна, не поради елиминацијата, туку поради начинот на кој се поразени. За само три минути, во 90-та Маркињос и во 93-та Чупо Мотинг, Аталанта прими два гола и ги заврши настапите во Лигата на шампионите во четвртфиналето во нивната дебитантска сезона во најелитното фудбалско клупско натпреварување.
Претходно, Пашалиќ во 24-та минута со прекрасен гол го шокираше ПСЖ, а тој резултат беше актуелен се до 90-та минута. Добро се бранеше тимот од Бергамо, одолеваше на нападите на фаворитот ПСЖ, чии фудбалери, особено Нејмар се изнапормашија.
Сепак, на крајот немаше ниту среќа, па малата деконцентрација во одбраната во последните моменти од мечот беа казнети од силниот тим на ПСЖ.
Утре вечер исто така во Лисабон, без публика поради коронавирусот, се игра мечот Лајпциг-Атлетико Мадрид.