Фудбал
ВИДЕО: Неверојатно – Потегот на Ракитиќ на тренингот остава без зборови
Иван Ракитиќ најверојатно ќе го напушти тимот на Барселона на крајот на оваа сезона.
Ракитиќ беше на излезната врата минатото лето затоа што клубот сакаше да го продаде, но тој реши да остане. Сепак, тешко дека ќе избегне да го напушти тимот ова лето, а тој најверојатно повторно ќе игра во дресот на Севилја.
Сепак, навивачите веруваат дека Ракитиќ и натаму е многу важен член на овој тим и дека клубот ќе згреши доколку се откаже од него толку лесно.
Со фантастичен потег на тренинзите, Ракитиќ покажа дека сè уште не треба да се отпишува, и има уште многу да понуди. „Жртвата“ на овој потег беше еден од членовите на Барселона Б, кој тренираше со првиот тим.