Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ни Милан не успеа да го симне Јуве од тронот, „Старата дама“ со 4 титула во низа

Во финалето од купот на Италија, Јувентус потполно го декласираше Милан со Во финалето од купот на Италија, Јувентус потполно го декласираше Милан со 4:0 и ја освои четвртата титула во низа од купот на Италија.

Опасни напади и налети на двата тима можевме да видиме во првото полувреме, но резултатот остана 0:0.

Бенатиа со гол во 56. минута, со глава го отвори резултатот и донесе водство за Јувентус од 1:0. Кратко потоа Даглас Коста во 61. минута го зголемува водството на Јувентус на 2:0.

Милан по вториот примен го како да падна на концентрација, па само три минути подоцна, односно во 64. минута, Бенатиа повторно постигна гол со кој ја зголеми предноста на „Старата дама“на 3:0.

Крајот на сите надежи му го донесе Калиниќ. Во 76. минута Калиниќ сакајќи со глава да ја избие топката надвор од својот шеснаесетник, тој постигна автогол и стави точка на натпреварот.

Милан во овој натпревар влезе цврсто мотивиран со надеж дека ќе ја освои титулата во купот на Италија по „пост“ од петнаесет години, но Јувентус уште еднаш ја покажа својата сила во Италија.