Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Никаде нема да се плаче вечерва како во Лестер, навивачите на Манчестер Јунајтед се радуваат

Тимот на Лестер за само неколку минути загуби на гостувањето кај Бурнмаут и ја уништи сезоната. Имаа шанса вечерва со победа да скокнат на третото место и со тоа во последните мечеви од сезоната да влезат во мирна завршница за пласман во Лигата на шампионите.

На овој начин му овозможија на Манчестер Јунајтед со евентуална победа утре против Саутемптон да ги скокне на табелата и да ги исфрли од трката за Лигата на шампионите.

Лестер водеше против Бурнмаут со 1:0, по потоа следуваа три гола и еден автогол, од кои два во последните десетина минути, на противникот за голем пресврт и победа на домаќинот. Бурнмаут со оваа победа ги врати шансите за опстанок во Лигата.