Кошарка
ВИДЕО: Никој не може да го запре Лука Дончиќ
Нова, фантастична партија за Лука Дончиќ. Ниту кошаркарите на Портланд немаа решение з него. Неговиот тим Далас славеше со 132:92, а Дончиќ за 29 минути на паркетот постигн неверојатни 37 поени, шест скокови и четири асистенции. Што е уште повеќе за пофалба Дончиќ се покажа како фантастичен шутер од линијата за три. Од девет обиди, погоди дури осум. Дончиќ го израмни рекордот на Дирк Новицки. Легендарниот Германец беше единствениот играч на Далас кој во последните 25 години постигнал 37 поени за само три четвртини.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Мајами – Индијана 106:109
Хјустон – Оклахома 112:114
Бостон – Орландо 112:96
Бруклин – Вашингтон 113:106
Кливленд – Торонто 116:105
Детроит – Чикаго 86:100
Њујорк – Филаделфија 100:101
Феникс – ЛА лејкерс 111:94.