Други спортови
ВИДЕО: Нокаут каков што не се памети, пет секунди пред крајот на борбата
Пет секунди пред крајот на борбата беше забележан страшен нокаут.
Борбата помеѓу Игнасио Бахамондес (12-4) и Рузвелт Робертс (10-3) во Лас Вегас беше многу возбудлива.
Бахамондес од почетокот покажа дека е подобро подготвен за борбата. Тој нанесе неколку удари по телото на ривалот и целосно го ослабна. Продолжи со тој интензитет, но не успеа да го скрши Робертс.
Беше јасно дека ќе има победа, но додека публиката го чекаше крајот, пет секунди пред да заврши борбата, Бахамондес го исфрли ривалот со страшен нокаут.
Чилеанецот со перфектен удар го победи противникот и стигна до голема победа.
Ова дефинитивно ќе биде кандидат за нокаут на сезоната. Досега е познато дека тоа беше најдобриот нокаут на УФЦ настанот Вегас 34. Игнасио Бахамондес на крајот заработи 50.000 долари.