Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Новак го одработи својот прв тренинг, со тоа се пофали на Инстаграм, и се најде на удар на цела Шпанија

Новак Ѓоковиќ доби можност да го одработи својот прв тренинг во Марбела, Шпанија, но овој потег предизвика голема „бура“.

Новак е во Шпанија, поминува време во карантин, но конечно вчера се врати на тенискиот терен. На југот на Шпанија, во Марбела, Новак го користеше својот мобилен телефон за да го сними моментот на враќање на теренот, а од друга страна беше шпанскиот тенисер Карлос Гомез Херера.

Тој го објави видеото на Инстаграм, но се појави проблем затоа што Шпанија сè уште не дозволи враќање на тениските терени.

Наводно, клубот во Марбела не знаел дека Новак не треба да тренира, како и дека писмото од Тениската федерација на Шпанија дојде во попладневните часови и дека тие не ги разбраа добро правилата што предизвикало вакво недоразбирање.

Новаке ќе треба да почека до 11 мај за да се вратат на тренинзите, а не е познато дали ќе биде казнет за кршење на правилата.