Поврзи се со нас

Други спортови

ВИДЕО: Нови бодови за Иџе пред крајот на сезоната

Игор Стефановски Иџе го освои солидното шесто место на денешната прва трка во рамките од ТЦР шампионатот во Италија.

На првата од двете трки викендов во Имола нашиот натпреварувач го освои шестото место.

Трката имаше интересен старт, некаде по третиот круг имаше мешаница на патеката по која дел од учесниците излетаа, а Шпанецот Аскон го искористи моментот и од третата позиција изби на чело и до крајот го задржа водството и победи (време 28:31.521 минути). Второто место му припадна на Џакон, а третото на Челмини.

Втората трка во ТЦР-шампионатот се вози утре (недела) од 12:20 часот.

loading...

Facebook