Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Нови моменти, околу 300 навивачи на Ливерпул се тепале со полицијата

Навивачите на Ливерпул се на удар на англиската јавност откако при прославата на шампионската титула оставија „тони“ ѓубре зад себе, но ниту се придржуваа до препораките и мерките за социјална дистанца, носење маски и друго, во време на пандемија со коронавирусот.

Сега, излегоа нови видеа. Во нив се гледа како дел од навивачите на Ливерпул се тепале со полицијата. Според информациите околу 300 навивачи правеле нереди и влегле во физичка пресметка со полицијата.

Ливерпул вчера го осуди ваквото однесување на нивните навивачи.