Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Нови нереди во Тирана за време на финалето, Грци се тепаа со полицијата!

ПРЕД и по финалето на Конференциската лига, кое во Тирана го играат Рома и Феенорд, имаше големи нереди. Хулиганите од двата тима се степаа меѓу себе, но во акција беа и албански навивачи кои во неколку наврати во текот на денот напаѓаа гости од Холандија и Италија.

Во судирот учествувале и Bad Blue Boys, според неколку извори од навивачите. БББ им помогна на своите пријатели од Федаин, една од водечките подгрупи на римските ултраси. Според истите извори, во нередите учествувала уште една пријателска група – Портата 13, навивачи на атински Панатинаикос.

Според првичните информации, повеќе од 60 лица се уапсени, а 19 полицајци завршиле во болница. Двајца се здобиле со тешки телесни повреди. На социјалните мрежи се појавија снимки од бројни судири во Тирана.