Поврзи се со нас

Ракомет

ВИДЕО: Новото засилување на РК Вардар ги налути „Комити“

Филип Талевски од следната сезона ќе го носи дресот на РК Вардар. Тој практично е дете на Металург, најголемиот ривал на вардарци во домашното првенство, но откако замина од Автокоманда играше надвор од државата. Сепак, се враќа во тимот на се уште актуелниот ракометен европски првак.

На социјалните мрежи се појави видео како Талевски, заедно со Мартин Томовски, Филип Кузмановски и Жарко Пешевски качени на стол ја пеат химната на Металург. Има бројни негативни коментари, особено на верните навивачи „Комити“. Тешко е да се верува дека вакво нешто ќе му простат.

Сепак, мора да се напомене дека Талевски се промовираше како играч токму во тимот во Автокоманда.

 

loading...

Facebook