Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Објавен видео-спотот на Србија за СП во Русија

Фудбалската репрезентација на Србија го објави промотивниот спот со кој го најавува настапот на најдобрите фудбалери на таа земја кои ќе учестуваат на претстојното Светско првенство (СП) кое ќе се одржи во Русија.

Режисер на спотот е познатиот српски актер и режисер Драган Бјелоглиќ.

Александар Коларов со својата екипа ќе мора да помине многу пречки ако сака да се искачи на „покривот на светот“.

Сите како еден, предводени од капитенот Коларов, успеваат да ги совладаат пречките и да се искачат на планината која го симболизира нивниот заеднички успех.