Фудбал
ВИДЕО: Од радост до бес за две секунди, епска реакција на Мурињо
Жозе Мурињо беше бесен откако на Рахем Стерлинг не му беше покажан втор жолт картон за неговиот обид да одглуми пенал.
Тренерот на Тотенхем не беше свесен дека ѕвездата на Манчестер Сити веќе има жолт картон се додека неговиот асистент не му покажа и Португалецот експлодираше, трчајќи кон четвртиот судија да бара исклучување за играчот.
Мурињо скокна од столот и се стрча кон четвртиот судија за да се пожали.
Моментот од овој настан стана сензационален на социјалните медиуми.
На видеото се гледа како Мурињо се смее и се радува на пеналот што Лорис го одбрани против, а одеднаш, кога неговиот асистент му кажа дека Стерлинг бил „пожолтен“ и морал повторно да биде казнет поради симулација, Португалецот експлодира, трчајќи кон четвртиот судија бесен.
Тотенхем успеа да го добие натпреварот со 2:0 на крајот.
https://twitter.com/FutbolBible/status/1224044160681947136