Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Од живот посветен на спортот до порно индустијата

„Дејли Стар“ носи интересна, но и помалку чудна приказна за Мелиса Буланхагуи. Имено, девојката која сега е позната по името Џејд Каи, порано била спортиска, односно се натпреварувала во уметничко лизгање. Била дел од тимовите на САД и Филипините. Сепак, се одлучула трофејната кариера да ја смени со порно индустријата. Неодамна учествувала и во снимање на филмови за возрасни.

-Бев во тимот на САД пет години. Пораснав на лизгалки. Моите родители беа вистински традиционални Азијци и ме турнаа во спортот. Бев многу успешна до својата четиринаесета година, па се до студиите. Тогаш преминав во тимот на Филипините, тоа беше во 2011-та година. Со нив се натпреварував две години.
Но, каде се случил пресвртот.

-Освоив национално првенство и се наближуваа квалификациите за Олимпијадата. Но, кога го прашав својот тим за пријавување, тие ми рекоа: Ох, ќе ја испратиме јуниорската шампионка наместо тебе.

Откако почуствувала неправда, го напуштила тимот. Заминала во Тајланд, но и таму не останала долго и се вратила во САД. Почнала да работи други работи, како и да биде келерка.

-Беше тоа премногу за мене. Почнав многу да пијам, вели таа.

Потоа на повик на еден пријател од Колорадо се преселила да живее во Калифорнија. Таму дознала за „webcammin“ содржини за возрасни кои разни луѓе ги снимаа во домашен амбиент. Откако снимила едно такво видео заработила 200 долари, а наскоро добила понуда од „Reality Kings“ за кој снимила три сцени на почетокот. Тоа знаечело за неа дека останува во порно индустријата.

View this post on Instagram

????????.???/???????

A post shared by Jada Kai | Model (@officialjadakai) on