Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Одбојкарите максимални против БиХ – продолжување на сонот за ЕП!

Македонија со победа од 3-0 го доби клучниот меч со БиХ во квалификациите за ЕУРО иостанува во игра за пласман на уште едно Европско првенство.

Денес нашите национален тим славеше по вторпат на БиХ, овојпат со резултат од 3-0 со што се врати на победничките патеки по поразот вчера од Турција.

Овој пат бевме поубедливи од претходниот натпревар и славевме со 3:0 во сетови (25:20, 26:24, 25:13). Со мали проблеми во вториот сет нашите одбојкари ја исполнија целта и стигнаа до втора победа која ги носи чекор поблиску до настап на континенталниот собир.

Најдобар поединец во нашиот тим беше  Љафтов со 21 поен, утре Македонија е слободна,а во сабота се среќаваме со фаворитот Турција против која треба д аосвоиме барем два сета.