Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Одигран најскапиот меч, гол од слободен удар вреден речиси 200 милиони евра

Фулам се врати во Премиер лигата. Во плејофот го совлада Брентфорд со 2:1 и обезбеди пласман во најдобрата лига во Англија. Овој меч е најскапиот во Англија, бидејќи како бонуси тимот кој се пласира во Премиер лигата ќе добие речиси 200 милиони евра.

Првиот гол падна дури во 107-та минута, односно во продолженијата бидејќи регуларниот дел заврши без голови. Стрелец беше Брајан од слободен удар од огромна далечина го измами противничкот голман. Се чини дека овој гол е клучен за победата, иако потоа Фулам поведе и со 2:0 со голот на Далсгрард. До крајот Брентфорд успеа само да постигне почесен погодок.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com