Фудбал
Видео открива што крие Роналдо во шорцевите
Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо е еден од најозборуваните играчи на овој Мундијал и секој негов потег е под лупа. Тој беше без тим по раскинувањето на договорот со Манчестер Јунајтед, а во четвртокот вечерта постигна гол за Португалија, со што стана единствениот играч на пет светски првенства.

Сепак, една епизода од натпреварот против Гана беше фатена од телевизиските камери. Во еден момент Роналдо почна очајно да бара нешто во шорцевите, а потоа го нашол и го голтнал.

Според информациите, станува збор за енергетски таблети, со кои фудбалерот се издржува на натпреварите кои ги игра.