Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Ова е „лудата“ забава на Новак Ѓоковиќ поради која сите сега се во паника

„Адриа Тоур“ во Задар е откажан. Сепак, се одржа во Белград. По тој турнир Новак Ѓоковиќ, кој е организатор и покровител на турнирот, приреди „луда“ забава за сите. Но, откако стана јасно дека неколку дена подоцна позитивни тестови имаа тенисерите Григор Димитров и Борна Ќориќ, како и еден од тренерите на Новак Ѓоковиќ, владее вистинска паника. Во текот на денешниот ден тестирани се Ѓоковиќ и неговото семејство, а се чекаат резултатите.