Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Ова е најлошиот тим на Оклахома, Јокиќ го предводеше Денвер до нова пбеда

Кошаркарите на Оклахома сити ноќеска загубија на гостувањето кај Филаделфија со 121:90. За Тандер ова е 14 последователен пораз и повторување на антирекордот во историјата на клубот.

Оклахома загубија 14 натпревари во низа и во сезоната 2008-2009 година.

– Не сум сигурен дека играчите знаат за ова. Ние се бориме и момците сакаат да победат. Никогаш не сум видел рамнодушност кога влегуваат во соблекувалната по поразот, изјави  тренерот на Оклахома, Марк Дејгнолт.

Најдобар во составот на Тандер на натпреварот против Филаделфија беше резервниот поен Тај Џером кој постигна 22 поена.

По 61 одигран натпревар Оклахома има 20 победи и 41 пораз и се наоѓа на 13. место во Западната конференција од НБА-лигата.

Кошаркарите на Денвер Нагетс синоќа дојдоа до нова победа против Мемфис Гризлис со 120:96, а уште еден одличен натпревар одигра српскиот интернационалец Никола Јокиќ. Јокиќ успеа да запише нов дабл-дабл учинок со 24 поени, 15 скока и пет асистенции и ја водеше својата екипа до нова победа. Центарот на Нагетс дојде до својот 53-ти дабл-дабл учинок оваа сезона.

НБА резултати:

Детроит – Атланта 100:86
Орландо – ЛА Лејекрс 103:114
Филаделфија – Оклахома 121:90
Вашингтон – Сан Антонио 143:146
Њујорк – Феникс 110:118
Торонто – Кливленд 112:96
Мајами – Чикаго 102:110
Минесота – Јута 105:104
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 120:103
Денвер – Мемфис 120:96
Сакраменто – Далас 113:106