Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: „Ова е приказна за страста“, Милан со возбудливо видео за 120-годишнината

“Ова е приказна за нашето знаме, за нашата гордост, страст и елеганција. Минато, сегашност и иднина. Ова е Милан”…

Со овој пост, во придружба на видео со коментар на англиски јазик, миланскиот клуб се подготвува за 120-годишнината од основањето, што ќе биде на 16 декември 2019 година, кога пред повеќе од еден век, во Милано беше основан црвено-црниот клуб, од Херберт Килпин.

„Нашите бои ќе бидат црвени како оган и црни од стравот што ќе го влеваме на нашите противници“.

Со таа реченица, Англичанецот кој беше првиот ко-основач и тренер, даде живот на еден од најпознатите клубови во историјата на фудбалот.