Фудбал
ВИДЕО: Ова е сензацијата, комлетен преглед на головите Германија-Македонија
Не е првоаприлска шега, Македонија синоќа ја совлада Германија со 2:1 во Дуизбург во квалификациите за пласман на СП. Ова е прв пораз на Германците на домашен терне во квалификации за светско по 20 години. Последен пат како гостин против „Панцирите“ славела Англија во 2001 година со 5:1.
Горан Пандев во судиското продолжение од првиот дел и Елиф Елмаф во 85-та минута беа стрелци за Македонија, додека Гундоган од пенал во 63-та го постигна голот за Германија. Лидер во групата е Ерменија со 9 бодови, следува Македонија 6, Германија 6, Романија 3, а Исланд и Лихтенштајн се без бодови.